Темелковски: Жителите на Кисела Вода со години живеат помеѓу градежен шут

Недозволиво е жителите на општина Кисела Вода со години да живеат помеѓу градежен шут, раскопани улици и руинирана инфраструктура. Поради ова, сообраќајот во Кисела Вода се одвива небезбедно и отежнато и претставува закана по безбедноста и на возачите и на пешаците, изјави претседателот на Општинската организација СДСМ Кисела Вода, Филип Темелковски.

Тој истакна дека „алармантна е состојбата на булеварот Борис Трајковски, оставен со месеци со дупки и отворени канали и без осветлување.“

– Хаосот го предизвикуваат импровизациите наместо вистинска реконструкција на улиците. Врз калливите и раскопани улици, се става неквалитетен асфалт што го снемува за десетина дена. Ова го попречува нормално функционирање на граѓаните. Градоначалничката Билјана Беличанец и советниците од ВМРО-ДПМНЕ се служат со скапи импровизации за кои се одлеваат пари на граѓаните од општинскиот буџет, а не ги решаваат нивните проблеми – изјави Темелковски.