Рударите ќе се пензионираат на 50 години


Скопје, 11 септември, 2018 - 15:59 (META) 

Владата денеска усвоила измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се предвидува рударите да се пензионираат на старосна возраст од околу 50 години. Како што соопштија министрите за труд и социјална политика и за економија, Мила Царовска и Крешник Бектеши, измените наскоро ќе бидат доставени на гласање во Собранието, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на идната година.

При пресметките за основа ќе се зема бенефицираниот стаж.

– Рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение ќе се пензионира на околу 50 години – објасни Царовска на заедничката прес-конференција.


Божидар Димитров заминува во пензија


Софија, 29 септември, 2017 - 18:19 (META) 

Божидар Димитров, директорот на Националниот историски музеј во Софија, познат по честото застапување на тезата за бугарското потекло на Македонците, си дал оставка и наскоро заминува во пензија, соопшти бугарското министерство за култура. Според министерството, Димитров ќе се пензионира на 1 ноември, бидејќи ги исполнува старосните услови.

Тој првпат на таа функција стапи во декември 1994 година, но беше сменет по четири години поради спорот со тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов поради враќањето на ракописот на „Историја славјаноблгарска“ на Пајсиј Хилендарски во Зографскиот манастир на Света Гора.

Повторно беше назначен за директор на Националниот историски музеј во 2011 година и оттогаш непрекинато ја извршува функцијата.


Светскиот шампион Нико Розберг се пензионира од Формула 1


Брејкли, 2 декември, 2016 - 15:16 (META) 

Светскиот шампион во Формула 1, Нико Розберг, денеска објави дека се пензионира од Формула 1 и дека неговата одлука е конечна и веднаш стапува на сила, јавува „Би-би-си“.

Триесет и едногодишниот Германец својата прва шампионска титула ја освои во неделата, завршувајќи ја трката за Големата награда на Абу Даби на втората позиција, пред неговиот тимски колега од „Мерцедес“, Луис Хамилтон.

„Јас ја искачив мојата планина, сега сум на врвот и мислам дека ова е исправната одлука“, напишал Розбрег на „Фејсбук“.

Розберг во годинешната сеозона триумфураше на 9 од 21 трка, победувајќи го во конечниот пласман трикратниот светски шампион, Хамилтон, за пет поени.