fbpx

Уставен суд остана со само шест судии од предвидените девет

-

Со завршувањето на мандатот на судијката Вангелина Маркудова, Уставниот суд од денеска останува со само шест судии од предвидените девет.

Последната седница на којашто присуствуваше судијката Маркудова се одржа во средата на 7 декември и тогаш завршија нејзините работни обврски во Уставниот суд.

„Последна иницијатива по којшто Маркудова работеше и ја реферираше на седницата е за Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица“, извести Уставниот суд.

Ваквото намалување на бројноста на судиите секако не оди во корист во поглед на авторитетноста на институцијата и на одлуките што ги донесува.

Вангелина Маркудова работи активно во правосудството од 1984 година, почнувајќи како приправник и стручен соработник во општинскиот суд Гевгелија во кој во 1986 година е избрана за судија. Во 1996 година е избрана за судија во Основниот Суд Скопје I во којшто од 2007 до 2013 постапува во одделението за организиран криминал и корупција. На 21 ноември 2013 година е избрана за уставна судијка како предлог на Судскиот совет, нејзиниот мандат почнува да тече од 7 декември 2013 и заврши на 7 декември 2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
udemy free download
download micromax firmware
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free