Прскање против комарци викендов во Скопје


Скопје, 19 јули, 2018 - 14:51 (META) 

Град Скопје соопшти дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција, односно прскање, против комарци на подрачјето на главниот град.

Авионското прскање ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови.

Прскањето од земја против комарци ќе почне в недела, а ќе заврши најдоцна в четврток. Ќе се врши во периодот од 23 часот до 4 часот следниот ден.

Доколку временските услови во некој ден оневозможат да се прска, тоа ќе се прави следниот погоден ден, во истите термини.

Од Град Скопје ги советуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Прскање против комарци во Скопје в сабота и в понеделник


Скопје, 12 јули, 2018 - 17:00 (META) 

Град Скопје соопшти дека в сабота во раните утрински часови на подрачјето на Скопје, ќе се врши авионско прскање против ларви од комарци.

В понеделник пак, во текот на денот ќе се врши прскање од земја.

Доколку условите не дозволуваат прскање в сабота и в понеделник, тоа ќе се изврши во првиот погоден ден, во истите термини.

Од Град Скопје ги предупредуваат пчеларите навреме да ги заштитат своите пчели.


ЕК со платформа за запирање на изумирањето на инсектите-опрашувачи


Брисел, 1 јуни, 2018 - 13:41 (META) 

Дури еден од десет инсекти-опрашувачи е на работ на изумирање, а една третина од видовите пчели и пеперутки се во опаѓање. За справување со тој проблем, Европската комисија (ЕК) денеска ја предложи првата генерална иницијатива на ЕУ за справување со проблемите што ги погодуваат опрашувачите.

Иницијативата содржи мерки за подобрување на набљудувањето и пребројувањето на инсектите и причинителите на проблемот, како и подобра координираност на политиките и секторите во ЕУ за справување со последиците од намалувањето на бројот на инсектите-опрашувачи во периодот до 2030 година. Ќе се работи на подобро запознавање со процесот на опаѓање на бројноста на овие инсекти, со причинителите, како и на зголемување на познавањата на населението во ЕУ за проблемот.

Опрашувањето преку инсекти е еден од клучните процеси на овозможување на репродукцијата на растенијата и билките. Четири од пет земјоделски култури или диви растителни видови во Европа зависат од инсекти за да остварат репродукција. Дури 15 милијарди евра од годишниот земјоделски производ на ЕУ се должи на опрашувањето од инсекти.

Инсекти што ги опрашуваат цветовите се пчелите, пеперутките, молците, потоа одредени видови мушички и некои видови бумбари.


Авионски ќе се прска против комарци во Скопје утре и задутре


Скопје, 17 август, 2017 - 10:38 (META) 

Град Скопје извести дека утре и в сабота во раните утрински часови на територијата на Скопје ќе се врши авионско прскање против комарци.

Доколку не дозволуваат временските услови, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредува градската управа на Скопје.