!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Најмногу очекуваните паметни телефони годинава


Њујорк, 27 јануари, 2017 - 22:02 (META) 

Познавачите на пазарот на паметни телефони типуваат кои ќе бидат моделите што ќе предизвикаат најголемо внимание во светот годинава.

Откако ќе се појави на пазарот, осмата генерација ќе биде јаготката на шлагот за прославата на десеттиот роденден на „ајфон“. „Ајфон 8“ ќе биде комплетно редизајниран во однос на претходниците. „Мек ворлд“ најавува можно враќање на дизајнот со нерѓосувачки челик со комплетно стаклено лице, извиен ОЛЕД-екран, нови бои за избор и безжично полнење.

Годинава се очекуваат и „галакси С8“ и „галакси С8 еџ“ на „Самсунг“.„Форбс“ пишува дека ќе имаат „бескраен екран“, со што ќе се вклучат во трендот на многу тенок, милиметарски раб. Засега нема најави кога новите модели ќе бидат промовирани, но се очекува новите паметни телефони да излезат на пролет.

„Самсунг“ планира да исфрли на пазарот нов модел од серијата „галакси ноут“, за да го замени „ноут 7“, кој беше вистински кошмар и за компанијата и за многу корисници, поради експлодирањето на батериите, по што примероците беа повлекувани.

Кога станува збор за „Гугл“, паметните телефони „пиксел“ и „пиксел екс-ел“ се веќе на пазарот, откако беа формално најавени на крајот на 2016 година. Тоа се првите телефони што се направени токму од „Гугл“, оти претходно, како во случајот со паметните телефони и таблети „нексус“, „Гугл“ целосно го доверуваше производството на други производители.

„Ел- џи Г6“ се очекува на крајот на февруари, како нов адут на производителот од Јужна Кореја што цело време се бори да излезе од сенката на својот сонародник „Самсунг“. Фотографиите кои протекоа во јавноста покажуваат дека е изработен од метал и од стакло со екран од 5,7 инчи и многу тенок раб. Во однос на практичноста и економичноста, ќе има батерија што може да се замени. Овој телефон нема да пропушта вода.


Паметен телефон свитлив како хартија


Сеул, 5 февруари, 2015 - 14:16 (META) 

Јужнокорејската компанија „Ел-Џи“ (LG) се подготвува во јули да лансира производ со свитлив екран, базиран на ОЛЕД-технологија, а кој може да се свитка како лист хартија.
Новиот екран со дебелина од 0,88 милиметри, меѓу другото, има осветленост од 75 лумени и енергетска ефикасност од 60 лумени по ват. Ова би требало да овозможи оптимален приказ на содржините, како на паметните телефони, така и на таблетите.
Конструкторите направија и екран со димензии 320×320 милиметри, со кој би требало да бидат опремени наредните модели, пишува „journaldugeek.com“.
Цената на двата екрана е 250 долари за оние кои се наменети за паметни телефони и 680 долари за оние наменети за таблети.