Грчките служби фатиле 410 тони експлозив наменети за Либија


Атина, 11 јануари, 2018 - 9:51 (META) 

Грчката крајбрежна стража спречила транспорт на 410 тони експлозив во брод што го пресретнале кај островот Крит.

Сандаците со експлозив се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме, а биле натоварени во турското пристаниште Мерсин, јавија грчките медиуми.

Приведени се 8 членови на екипажот. Бродот пловел кон Мисрата.


Нов земјотрес го погоди Крит


Jерапетра, 21 јули, 2017 - 13:58 (META) 

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13.36 часот по локално време, кај критското гратче Јерапетра, јавуваат грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 44 километри јужно од Јерапетра, на длабочина од 10 километри. Засега нема податоци за повредени лица и за причинета материјална штета.

Земјотресот се случи речиси 12 часа по првиот потрес што го погоди подрачјето меѓу Кос и Бодрум.


Земјотрес регистриран на Крит


Ираклион, 29 ноември, 2016 - 10:09 (META) 

Земјотрес со јачина 4,3 степени според Рихтеровата скала околу полноќ е регистриран јужно од островот Крит.

Сеизмолозите јавуваат дека епицентарот на земјотресот бил во морето, на 71 километар од островот Гавдос и на длабочина од 12 километри.

Нема информации за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.


Инциденти на Крит на протести поради бегалската криза


Атина, 28 септември, 2016 - 14:44 (META) 

Насилство и физички пресметки избија на Крит за време на два протести поради бегалската криза. Судирите се случија на критскиот град Ретимно, каде денеска имаа паралелни протести група ултрадесничари кои реагираат против идејата да се донесат бегалци на Крит и група поддржувачи на бегалците, кои сметаат дека треба да им се помогне и да се гарантира мирен соживот со бегалците на Крит.

Инцидентите почнаа кога група демонстранти од едниот протест физички нападнаа демонстрант од другата група. Во судирите интервентираше полицијата, која употреби солзавец за да ги смири и да разбрка толпите од двете страни.

Протестите се случуваа за време на седницата на градскиот совет, на која се разговара на Крит да се донесат 2.000-3.000 бегалци според планот на министерството за миграција. Критскиот градоначалник веќе има дадено зелено светло, а предлогот и на министертвото и на градскиот совет е бегалците што ќе бидат пренесени на Крит од другите острови и делови на државата да бидат сместени во изнајмени хотели и во приватни соби, без да се гради бегалски центар.

Покрај протестите на Крит, денеска протест ќе има и на островот Хиос, каде жителите реагираат поради големиот број бегалци и бегалскиот центар, кој и нема доволен капацитет за преголемиот број луѓе што се на островот. На Хиос реагираат и вработените во службите за азил кои стравуваат дека поради големиот број негативни одговори на барањата за азил, кои почнаа да се делат неодамна, може да дојде до инциденти во бегалскиот центар.

На Лезбос дојде до нов вознемирувачки инцидент. Малолетно 16-годишно момче од Пакистан, кое е во Грција без придружба на родители и старатели, било силувано од четворица негови врсници и сонародници. Момчето го пријавило нападот на волонтери во кампот Морија и било веднаш однесено на медицински испитувања, кои ја потврдиле веродостојноста на неговата пријава. Четворицата сторители се уапсени и ќе одговараат пред обвинител.

Во Грција има повеќе од 60.500 бегалци од кои речиси 14.000 се на островите во близина на Турција.


Се преврте брод кај Крит, тројца загинати, 302 спасени


Атина, 3 јуни, 2016 - 12:15 (META) 

Брод на кој се наоѓале неколку стотини мигранти се преврти кај островот Крит, при што загинаа три лица, а 302 се спасени, соопшти грчката крајбрежна служба.

Оттаму информираат дека станува збор за брод долг помеѓу 25 и 30 метри, кој личел на голем рибарски чамец.

Бродот целосно потонал на околу 75 наутички милји јужно од Крит, во меѓународни води.

Во акцијата за спасување, која сè уште трае, учествуваат четири бродови, на кои им помагаат два грчки патролни чамци и два хеликоптери.

Се верува дека бродот пловел за Италија.


Се обновува редовната авиолинија Скопје-Прага


Скопје, 20 мај, 2016 - 11:31 (META) 

„Чех ерланјс“ ќе лета Скопје-Прага-Скопје двапати неделно со што по пауза од четири години се обновува редовната линија. Летовите од Скопје ќе бидат понеделник и петок во раните утрински часови, а од Прага се четврток и недела, навечер. Од 28 јуни компанијата ќе додаде уште еден термин така што фрекфенцијата до и од претстолнината на Чешка ќе биде трипати неделно.

– Очекуваме поголема економска и културна размена меѓу Чешка и Македонија, повеќе чешки туристи и зголемување на карго-превозот – изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски.

Според директорот за комерција, врски и маркетинг во „Чех ерлајнс“, Јан Тот, развојот на рутата се движи во рамките на нивните очекувања.

– На патниците им нудиме привлечни денови за летање, што опфаќа утрински полетувања од Скопје и вечерни заминувања од Прага. Се обезбедува максимално искористување на времето за престој во Чешка- истакна Тот.

Цените на билетите почнуваат од 75 евра во еден и 144 евра во два правци, со сите вклучени такси.

„Чех ерлајнс“ освен редовните летови ќе ги обнови и своите активности и во сегметнот чартер-превоз на македонскиот пазар.

Почнувајќи од 1 јули и траејќи до 9 септември, компанијата секој петок ќе овозможи чартер летови за „АСА-тур“ и за други локални оператори меѓу Скопје и Хераклион на Крит.