fbpx
Таг: истражни постапки

таг: истражни постапки

Обвинителството води постапки за пукања, кинење ливчиња, подмитување гласачи…

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство, денеска ги презентираше случаите на изборни нерегуларности во текот на вчерашните локални избори, како и од претходно. Нерегуларностите се движат од агитација и поткуп на гласачи, преку кинења на ливчиња и оставање празни ливчиња на гласачки пулт, до закани и пукање. Комисијата на Јавното обвинителство соопшти дека пристигнале голем број известувања, поднесоци...

Според КЗ: Затвор од најмалку 4 години и високи глоби за затајување данок

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори четири нови истраги - „Табла“, „Тристa“, „Тотал“ и „Тифани“, од кои во последните две, осомничените физички лица се товарат за кривичното дело затајување данок. Според Кривичниот законик (КЗ) за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна, а ако затаениот износ е значителен, сторителот ќе се казни со...

Зврлевски отвори истраги против високи функционери на „одредена политичка партија“

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција информираше дека отворило две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните и на изборите за претседател на државата, одржани во април 2014 година и за предвремените парламентарни избори во декември минатата година. Осомничените, поранешни високи функционери на МВР, на локалната самоуправа и „носители на високи функции во одредена политичка...

Нова комуникациска практика на СЈО – пресовите ќе паузираат, ќе фрчат соопштенија

Првпат во досегашното постоење, Специјалното јавно обвинителство двете нови истраги со име „Тарифа“ и „Тенк“, наместо на прес-конференција, ги презентираше во јавноста преку соопштение на својата официјална интернет-страница. Последната прес-конференција СЈО ја одржа пред повеќе од два месеци, на 18 ноември минатата година. Причината за ваквата промена во практиката на објавување истраги од СЈО официјално не ја соопштија, но тоа од СЈО...

СЈО: Сè повеќе граѓани проверуваат дали се прислушувани

Вкупно 81 барање до денеска пристигнале во Специјалното јавно обвинителство од граѓани кои се интересираат дали нивните телефонски броеви биле незаконски следени, соопшти денеска СЈО, додавајќи дека барањата се однесуваат на вкупно 245 телефонски броеви. Од СЈО велат дека сите заинтересирани лица можат до нив да упатат писмено барање, во кое ќе го наведат телефонскиот број или броеви за кои...

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно и објективно истражување на сите...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

Јанева: За украдените пари нема помилување

Никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, тој подлежи на конфискација и за него не важи никаква аболиција или помилување, посочи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната прес-конференција во обвинителството. - Би сакала да го цитирам член 97, став 3 од Кривичниот законик кој вели: „Одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон и...

Твитер-реакции: Обвинителки – кралици, царици, амазонки!

  По одржаната прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која таа ја најави првата акција под името „Титаник“ во која биле отворени истражни постапки против поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции во знак на поддршка на Специјалното јавно обвинителство, а особено на трите обвинителки, Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи. https://twitter.com/Mee_Yah_/status/698109447739174913 https://twitter.com/vladlazar/status/698115424278413312 https://twitter.com/IrenaMila2/status/698115415415902208 https://twitter.com/Kire_M/status/698115078810439680 https://twitter.com/seirdotmk/status/698114812233048064 https://twitter.com/puernoviaeon/status/698113933719240704 https://twitter.com/The_BB_/status/698114312544591872 https://twitter.com/cccruella/status/698108223270866944 https://twitter.com/sonjatd/status/698113858653810688 https://twitter.com/vladlazar/status/698113688683855873 https://twitter.com/unreal_realism/status/698111527598034944 https://twitter.com/banekoma/status/698113518797746176 https://twitter.com/IrenaMila2/status/698104865629806592 https://twitter.com/MontazhaMan/status/698109290167586817 https://twitter.com/evrosimoski/status/698110787945156608 https://twitter.com/MarincePink/status/698099379492818944 https://twitter.com/lea_misstres/status/698109404600733697 https://twitter.com/boki_89/status/698108444994363393 https://twitter.com/pipelinmkd/status/698107715604914177 https://twitter.com/ozimec333/status/698107375513964544 https://twitter.com/FlavrSavr/status/698106935644659716 https://twitter.com/i999y/status/698105928281944065 https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/698104685551611904 https://twitter.com/Elislonce/status/698104636343980032

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...