fbpx
Таг: декласификација

таг: декласификација

Петровска: Делумно е симната тајноста на податоците за воената опрема донирана за Украина

Извршена е делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21. Опремата била од источно производство и не се користела од АРМ, појасни таа. Зборувајќи за симнувањето на тајноста на дел од документите, Петровска рече дека тоа е ветување дадено...

СДСМ: Груевски се плаши од декласификацијата на договорите со странските компании

Никола Груевски е видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конфренцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно е, Груевски стравува дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што ги плаќале како давачки, даноци и казни...

Мицкоски: Инвеститорите ќе нè заобиколат поради објавување на висината на субвенциите

Владата на вчерашната седница донесе одлука за декласифицирање и за објавување на субвенциите што им се даваат на странските инвеститори во Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и на нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека не е никаква тајна, ниту е незаконски тоа што...

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката Петровска на боледување

Поради боледување на судијката Лидија Петровска се одложи денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски. Тој и уште шестмина вработени во Управата за безбедост и контраразузнавање (УБК) се товарат дека ја уништиле документацијата поврзана со двата состеми од незаконското следење на комуникациите. На денешното...

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа испратени барања...

СЈО, по една недела, од судот го доби записникот од рочиштето за „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство вчера го добило од Кривичниот суд записникот од подготвителното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека дополнително ќе информираат кога ќе достават барање до Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за дозвола за декласификација на доказите во обвинението...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...