Сувереноста на граѓаните најдиректно се докажува на референдумско изјаснување

Суверенитетот на граѓаните најдобро се потврдува со партиципација на референдумското изјаснување, како форма на директно демонстриран суверенитет на луѓето во сопствената држава. Покрај индиректниот, т.е. пренесување на нивната сувереност врз пратениците. Оттука, пораката дека Иванов ќе бојкотира, е всушност порака до граѓаните да се откажат од своето суверено право да одлучуваат, пишува „Вистиномер“.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во својот говор пред дел од дијаспората во САД, а во организација на Обединетата македонска дијаспора, употреби неколку спинови во врска со референдумот и договорот меѓу Скопје и Атина од Преспа, но тука ќе се задржиме само на два.

Извртена вистина, т.е. спин е дека со Договорот од Преспа се создава нова полусуверена држава, со нов внатрешно правен и меѓународно правен идентитет.

Вториот спин, речиси и да не заслужува посериозно да се деспинува. Секој граѓанин со малку образование, ако го прочита Договорот ќе разбере дека потенцијално идната Република Северна Македонија воопшто нема да биде анационална држава.

Целата статија прочитајте ја на „Вистиномер.мк“.