Словенија ќе поднесе тужби против должниците од поранешна Југославија

Исплатата на штедните влогови на штедачите на поранешна Љубљанска банка надвор од Словенијa, според пресудата на Европскиот суд за човекови права, не ја исклучува словенечката тужба за побарувањата на Љубљанска банка во поранешните југославенски републики, изјави словенечкиот премиер Миро Церар.

Според него, одлуката на Европскиот суд, Словенија мора да ја изврши во согласност со законот и откако штедачите ќе ѝ ги предадат податоците, тие ќе имаат право на исплата на влогот.

Станува збор за таканаречната „пилот-пресуда“, според која Словенија во рок од една година од пресудата мора да најде „системско решение“ за исплатата на штедачите.