Сите патници извлечени од Пресека

Извлечени се сите патници кои во недела вечер со своите возила биле заглавени на планинскиот превој Пресека, на магистралниот пат Охрид – Кичево, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на овој патен правец е сè уште во прекин, а голем број охриѓани со своите возила чекаат во Кичево или патуваат преку Битола.