Принцот Ендрју демантира дека имал сексуална врска со тинејџерка

Во изјава пред телевизиски камери, британскиот принц Ендрју првпат сам демантира дека имал сексуална врска со американска тинејџерка.

Во мини-изјавата од само 46 зборови, тој нагласи дека „никогаш немал каков било сексуален контакт или друг однос“ со жената која тврди дека спиела трипати со него кога имала 17 години.