Повеќе закони на 71. седница во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 71. седница, на чиј дневен ред се 118 точки.

Пратениците, меѓу другото, треба да расправаат за предлозите за изменување и за дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за експропријација и на Законот за јавните набавки.

На дневен ред се и предлог-измените на законите за технолошки индустриски развојни зони, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за служба во Армијата на Република Македонија.