This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 24 22:28:30 2017 / +0000 GMT

Почина истакнатиот архитект Славко Брезоски




На 95-годишна возраст, вчера починал архитектот проф. д-р Славко Брезоски, еден од најзначајните автори на поствоената македонска архитектура, кој во последниот период беше во фокусот на јавноста поради противењето на изменувањето на изгледот на Стоковна куќа на плоштадот Македонија, која е изградена по негов проект.

Славко Брезоски припаѓа на првата генерација македонски архитекти школувани во Белград и во Загреб (заедно со Пота, Жупан, Пецовски, Ќосевски, Маленкова, Галиќ и Шеќерински).

Роден е во Галичник во 1922 година, а дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1950 година, под мент