Падна руски бомбардер во Сирија, нема преживеани

Рускиот авион „су-24“ се урна за време на полетувањето во Сирија. Екипажот на авионот не успеал да се катапултира, пренесуваат руските медиуми.

Рускиот бомбардер се урнал откако полетал од аеродромот „Хмеимим“ во Сирија.

Информацијата ја потврди и Министерството за одбрана на Русија.

„На 10 октомври, за време на полетувањето од аеродромот „Хмеимим“ за извршување на борбени задачи, авионот „су-24“ се урна откако полета од пистата. Екипажот на авионот немал време да се катапултира и загина во несреќата“, соопшти министерството.

Од руското министерството додаваат дека причината за несреќата на рускиот авион би можела да биде техничка неисправност.