Обама: Ослободувањето на Мосул ќе биде тешка борба

Претседателот на САД, Барак Обама, оцени дека операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, ќе биде „тешка борба“.

Обама проценува дека борбата ќе биде обележана и со напредување и со назадување, но истакна дека истиснувањето на Исламска држава од Мосул ќе биде уште еден чекор кон неjзиното конечно уништување.

Американскиот претседател, на прес-конференцијата со италијанскиот премиер Матео Ренци, рече дека приоритет на владите на двете земји е обезбедување на хуманитарна помош за околу милион лица кои останале во Мосул.

Ирачката влада во завчера почна операција за ослободување на Мосул.