Масакр во Мосул, ИД убила 300 лица

Припадници на џихадистичката организација Исламска држава извршиле масакр во северниот ирачки град Мосусл, каде погубиле 300 лица, објави ирачкиот портал „Алмада прес“.

– Терористите од Исламска држава извршиле нов масакр во Мосул, каде убиле 300 жители на градот – соопшти претставник на бунтовниците, Махмуд ел Сурџи.

Тој прецизираше дека повеќето убиени се припадници на полицијата и на војската, но дека меѓу нив имало и граѓански активисти.

Мосул е трет по големина град во Ирак и понатаму е главно упориште на припадниците на ИД во таа земја.

Министерот за одбрана на Ирак, Халид ел Обејди, во јануари рече дека главна цел на борбата против терористите годинава е ослободување на Мосул, што ќе претставува и одлучувачка битка против Исламската држава во земјата.