Компаоре ја укина вонредната состојба во Буркина Фасо

Во демонстрациите најмалку 30 луѓе загинаа
Во демонстрациите најмалку 30 луѓе загинаа

По насилните демонстрации во главниот град Уагадугу, претседателот на Буркина Фасо, Компаоре, ја укина вонредната состојба воведена вчера. Тој ја распушти владата за да се обезбедат услови за демократски промени. Вети и разговори со опозицијата.

Демонстрантите вчера влегоа во парламентот и го запалија. Бараат прекинување на парламентарните избори кои за „вечниот претседател“ Компаоре би значеле петти мандат на таа функција.

Опозицијата соопшти дека во нередите во земјата биле убиени најмалку 30 луѓе.