Јапонија со мерки за безбедност против џихадистите

За да се спречат терористички напади во транспортните средства и да се засили контролата при влез во земјата, јапонската влада нареди да се засилат мерките за безбедност.

Ќе биде засилено обезбедувањето на аеродромите и на железничките објекти, како и проверките на пловните објекти што пристигнуваат од странство.