Хезболах одбил напад на ИД на либанско-сириската граница

Радикалното либанско движење Хезболах одбило напад на припадниците на Исламска држава на границата на Либан со Сирија, јави денеска телевизија блиска до движењето.

Телевизијата „Ал-Манар“ пренела дека во борбата загинале или се ранети неколку екстремисти на ИД, како и дека се уништени три возила.

Хезболах е вмешан во граѓанската војна во Сирија, каде се бори на страна на силите на Башар ал Асад.

Радикалното либанско движење во повеќенеделната офанзива на планината Каламун зазеде територија од фронтот Насру, разгранок на терористичката организација Ал каеда во Сирија.