Град Скопје ќе ангажира асистенти на стари лица и на ученици

Вклучувајќи се во програмата за општинско корисна работа, Град Скопје  ќе ангажира десет образовни асистенти во девет средни училишта во Скопје, кои ќе работат со ученици со посебни образовни потреби или ученици со интелектуална попреченост. Исто така, ќе бидат ангажирани и пет персонални асистенти за лицата со телесна попреченост и пет негуватели на стари лица.

За позицијата асистенти ќе бидат работно ангажирани припадници на некоја од ранливите категории на население, вклучувајќи ги и корисниците на социјална помош.  За таа цел, Градот Скопје во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, распиша јавен оглас.

Покрај финансискиот надомест, на асистентите ќе им биде овозможено и бесплатно користење на јавниот градски превоз.