Француски филмски фестивал од 17 до 20 јуни

Осмото издание на Францускиот филмски фестивал ќе се одржи од 17 до 20 јуни, а ќе бидат прикажани десетина француски филмови од најуспешната француска продукција во текот на изминатите две години.

Настанот е организиран со поддршката на Министерството за култура на Македонија и Регионот Долна Нормандија. На отворањето на фестивалот ќе биде присутен и почесен гостин, а ќе има и презентации и работилници, вклучувајќи ја и работилницата и натпреварот „Моето прво мини-видео“.

Билетите за проекцијата на отворањето на Францускиот филмски фестивал се бесплатни и се резервираат на 02/3118-503 и 02/3116-734. Билетите за проекциите кои ќе се прикажуваат во Кинотеката на Македонија ќе чинат 50 денари, во кино „Фросина“ – 100 денари, а во кино „Милениум“ – 150 денари.