Експлодирала бомба пред објектот на даночната служба во Атина

Бомбата причинила само материјална штета

Пред објектот на даночната служба во Атина вчера експлодирала бомба. Како што јавуваат грчките медиуми, бомбата, која била изработена рачно, причинила само материјална штета.

Полицијата вчера ја затворила елитната населба Кифисија откако анонимен човек се јавил во грчки весник и интернтет-портал и рекол дека за половина час ќе експлодира бомба. Сè уште никој не презел одговорност за експлозијата.