Денеска почнува релито Дакар

Денеска, од аргентинскиот главен град Буенос Аирес до Вила Кроз Паз, почнува 36. издание на релито Дакар, што ќе трае до 17 јануари.

Најпрестижното светско рели ќе се вози на јужноамериканскиот континент, а освен низ Аргентина, натпреварувачите ќе возат и низ Чиле и низ Боливија.

На годинашното издание ќе стартуваат 676 натпреварувачи поделени во четири категории (мотоцикли, автомобили, четирицикли и камиони), кои треба да поминат 9.295 километри.