Глобално движење за спас на почвата, војната во Украина го попречува планот

Фото: Свесна Планета – Зачувај ја почвата

Неодамна започа глобалното еколошко движење наречено „Свесна Планета – Зачувај ја почвата“. Станува збор за кампања за подигање на свеста за влијанието на загадувањето врз животната средина, опустошувањето на почвата и климатските промени осврнувајќи се на податокот дека над 33 отсто од почвите на Земјата се веќе деградирани, а 90 отсто би можеле да станат деградирани до 2050 година што би довело до неизбежна глобална криза за храна.

Фото: Свесна Планета – Зачувај ја почвата

На кампањата, како што најавија организаторите од Свесна планета 9 (Conscious Planet) ќе се прилкучат светските лидери, инфлуенсери, уметници, експерти, фармери, духовни водачи, невладини организации и многу други кои ја заложија нивната поддршка за обновување на човековиот однос со екологијата.

Во рамките на програмата основач на Свесна Планета, Садгуру кој на јавноста е познат како говорник на Генералното Собрание на ОН, Светскиот Економски Форум, ТED како и на бројни светски реномирани универзитетии, ќе дојде во Европа во март и сам со мотоцикл ќе помине 30.000 км, од Лондон до Јужна Индија.

Свесна Планета – Зачувај ја почвата

За време на своето патување чија треакторија, како што соопштија од оргаизацијата е изменета заради војната во Украина, ќе има попатни средби со државни претставници за да го насочи фокусот кон светската криза за опустинување на почвата.

„Неговото патување ќе вклучува настани во повеќе земји со глобални водачи, јавни личности, артисти, научни експерти и други влијателни личности. Движењето е поддржано од Др. Џејн ГудалОбединетите Нации (UNCCD)Светскиот Економски Форум (WEF), неговата Светост Далаj Лама како и други водечки светски фигури“ нагласија од Свесна Планета додавајќи дека сѐ уште не се знае дали заради Руската окупација на Украина, релито ќе може да помине и низ Северна Македонија.

Планирано е на крајот од кампањата да биде испорачан и детален документ со повеќе од 100 начини за зачувување на почвата во секој дел од светот. Според организаторот, овој проект е поддржан од 9 милиони волонтери низ целиот свет кои веќе станаа EarthBuddies и го даваат својот придонес кон зачувување на почвата преку најразлични активности.

Во склоп на активностите планирани за кај нас ќе се приклучат и професори од Земојоделскиот факултет, граѓански организации и јавни личности.