32 лица починаа од вирусот БИРС во Јужна Кореја

Вкупната бројка на починати поради заразата со блискоисточниот вирус (БИРС) во Јужна Кореја се искачи на 32 лица.

Јавноста и Министерството за здравство на Јужна Кореја не запираат со острите критики на болницата „Самсунг“, која се смета за една од најелитните во државата, а во која несовесно и нестручно се реагирало при дијагностицирањето на првите симптоми на БИРС на 19 мај годинава. Само во оваа болница со вирусот се заразени 90 лица, меѓу кои има медицински работници и посетители.

Според Светската здравствена организација, процентот на смртноста од вирусот БИРС е околу 36 отсто, а во Јужна Кореја, барем досега, овој процент е речиси двапати помал.