Заев: Очекуваме сите да се потрудат за да се спроведе Договорот од Пржино

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Јосеф Бенце.

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, за шансите да се реализираат преземените обврски со Договорот од Пржино, како и за ризиците од скршнувањето од европскиот пат.

– СДСМ е конструктивно поставена, очекуваме секоја од страните да се потруди најмногу што може и договореното во најкусо време да се спроведе – рече Заев.

Како што пишува во соопштението на СДСМ, амбасадорот Бенце изразил очекување за брзи и ефективни реформи и во критичните области што ги посочи експертската група на Прибе.

Заев и Бенце заеднички констатирале дека е опасно ако Македонија ја загуби препораката за претпристапни преговори со ЕУ.

Заев и унгарскиот амбасадор разговарале и за продлабочување на односите помеѓу Македонија и Унгарија на економски план и во областите од интерес за секојдневниот живот на граѓаните на двете земји.