Воз усмрти 50 годишен маж во Скопје

Фото: Pixabay

50 годишен маж, вчера околу 20 часот бил усмртен од воз кој сообраќал од Скопје кон Битола, соопшт Министерството за внатрешни работи. Трагедијата се случила на железничката пруга кај булеварот „Србија” во општината Кисела Вода.

Смртта била веднаш констатирана од стручно лекарско лице од Итната медицинска помош во Скопје. Од секторот на МВР информираат дека се врши увид на место на несреќата, а се работи и на расчитување на случајот.

Минатата недела, по речиси една година откако беа укинати линиите на релација Скопје – Битола – Скопје, јавното претпријатие Македонски железници ги врати.