Замрзна Дојранско Езеро

Најниската температура на воздухот утринава е измерена во Берово, каде се регистрирани -17 Целзиусови степени. Во Гевгелија беа измерени -8, а во Дојран е измерена температура од -7 степени. Поради ниската температура, замрзна Дојранско Езеро.

Во другите градови беа измерени следниве температуи: -15 во Тетово, -14 во Куманово и во Маврово,-13 во Битола и во Крива Паланка, -12 во Скопје – Петровец и во Прилеп, -11 во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија и во Лазарополе, -10 во Штип, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и во Крушево, -9 в0 Претор, -8 во Гевгелија  -6 Ццелзиусови степени во Дојран.

Според УХМР, денеска нè очекува сончево и релативно студено време, со мала до умерена облачност и со слаб ветер, претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од -4 до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 1 степен.