fbpx
Таг: топло

таг: топло

Топлотниот бран во Индија однесе 1.500 животи

Повеќе од 1.500 човечки животи зеде топлотниот бран што ја зафати Индија. Болниците се преполни со луѓе и повеќе нема место за тие што страдаат од последиците на топлотниот бран. Во некои делови на земјата, температурата се искачила и до 50 Целзиусови степени, а докторите ги предупредуваат луѓето да останат во своите домови и да не излегуваат надвор. Експертите предвидуваат подолги и...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, проследено со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во текот на денот е можна појава на мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степани, а максималната ќе се искачи до 32 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 31...

Денеска сончево и многу топло, утре дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, а во попладневите часови се очекува локално наоблачување. Дневната температура ќе се движи во 29 до 35 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, метеоролозите прогнозираат слично време, односно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец,...

Сончево и топло време со температура до 29 степени

Времето во земјата денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од западен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена обланост....

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер. Во попладневните часови ќе има мало зголемување на облачноста, но без поголеми услови за врнежи. Температурата ќе се движи од 17 до 26 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 23 Целзиусови степени.

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 23 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со слаб ветер од југоисточен правец. Температура ќе се движи до 21 Целзиусов степен.

Сончево и топло, со температури до 24 степени

Сончево и ведро утро, а такви временски услови ќе се задржат во текот на целиот ден. Денеска дневната температура ќе достигне до 26, а утре и до 28 Целзиусови степени. Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 24 Целзиусови степени. Сончево и топло време е прогнозата и за утре и за првата половина од викендот, по што ќе настане промена со наоблачување и...

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Дневната температура ќе се движи од 17 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време. Најниската утринската температура ќе достигне 5 Целзиусови степени, а највисоката дневна - 19 степени.

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, проследено со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 15 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со слаб ветер, претежно од северозападен правец и со температура до 13 Целзиусови степени.

Облачно, но топло време

Утринава времето во Македонија беше облачно, со локален дожд. По котлините има појава на магла и на ниска облачност. Минималната температура утрово се движеше од 0 до 9 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе биде претежно облачно, претпладне со магла по котлините. Во западните делови ќе има повремени локални слаби врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува...

Времето денеска сончево и студено

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне е можен и слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 Целзиусови степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време, со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Денеска потопло и суво време

Денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од -7 до 0 Целзиусови степени, а дневната од 0 до 7 степени. Во Скопје се очекува слично време, сончево и потопло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -7, а дневната ќе достигне 5 Целзиусови степени.  

Денеска стабилно и потопло време

Времето ќе биде стабиолно, без врнежи
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, со појава на магла. Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 7 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 4, а дневната до 9 Целзиусови степени.  

Претпладне облачно, попладне дожд

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со појава на магла по оделени котлини. Во западните делови, попладне ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаба магла. Во вечерните часови...

Претпладне облаци, попладне дожд

Утринава ќе биде умеренo облачно со повремени сончеви периоди. Попладне, пак, претстои ново наоблачување, кое ќе донесе дожд, но пред сè во западните и во северните краишта. Тие ќе бидат со слаб интензитет, со тенденција на зачестување во текот на вечерта. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. Максимална температура околу 15 Целзиусови степени се очекува во котлините на северниот и на источниот регион. Југозападниот регион очекува топол ден...

Дождлива сабота

Саботата ќе почне со дожд, но со послаб интензитет. Во југоисточниот крај, во текот на раните утрински часови, се очекуваат нешто поинтензивни врнежи. Во втората половина од денот, врнежите генерално ќе престануваат. Облачноста, сепак, ќе трае и во текот на вечерта. Утрото ќе биде топло. Минималната температура ќе биде во границите од 8 Целзиусови степени до 12 степени. Максимална температура околу 14. степен се очекува во северната половина...

Магла по котлините, сонце преку ден

Времето ќе биде стабиолно, без врнежи
Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност, која некаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, со локална облачност и со слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од -1°C до 8°C, а...

Сончево и суво време

Во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Претпладне, во котлините ќе има магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува слично време, со температура до 13 степени.  

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...