Сончево и топло со температура до 40 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната од 34 до 41 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 40 Целзиусови степени.