СДСМ поднесе кривични пријави против Мијалков, Костова и Хакијни

СДСМ денеска до Основното јавно обвинителство за организиран криминал поднесе кривична пријава против Сашо Мијалков, директор на УБК, Светлана Костова, судијка во Вишиот управен суд, и Хаим Хакијни, странски државјанин. Кривичните дела за кои е поднесена пријавата се примање поткуп, злоупотреба на службена положба и овластување и  давање поткуп.

– Во 2011 година, првоосомничениот Сашо Мијалков преку н.н. фирма, примил провизија од 840.000 евра, 540.000 и 200.000 евра, како награда за склучување договор за набавка на опрема по значително повисока цена од реалната. Сашо Мијалков сторил кривично дело примање поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Второсомничената му помогнала на Мијалков и посредувала во врска со плаќањето на наградата и со склучувањето на договорто за набавка на опрема. Третоосомничениот Хакијни го договорил и го извршил плаќањето на наградата, со што сторил кривично дело давање поткуп. Со дејствата на тројцата била нанесена штета на буџетот на Македонија од огромни размери, која дополнително треба да се утврди – изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.