Нуркачки тимови во потрага по човекот кој исчезна во езерото Глажна, Липковско

Нуркачки екипи на МВР и вчера го пребарувале вештачкото езеро, каде што човекот влегол да се капе и не излегол

Фото: ЦУК

Три нуркачки тима од специјалната единица „Тигар“ ги пребарува водите на езерото Глажна во Липковскиот регион, на местото на кое исчезнал 30-годишен човек, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: ЦУК

Лицето исчезнало вчера во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковско.

Нуркачки екипи на МВР и вчера го пребарувале вештачкото езеро, каде што човекот влегол да се капе и не излегол.

Фото: ЦУК

Како што информираа вчера од Регионалниот центар за управување со кризи, кај нив била примена пријава дека лицето Р.Ф. од селото Никуштак влегло во акумулацијата, по што му се изгубила трага.

Нуркачите вчера цел ден го пребарувале езерото, но не успеале да го пронајдат телото.

Потрагата продолжува и денеска.