„Нетиз“ ги тужи „Близард“ за отштета од 44 милиони американски долари

Превземено од NetEase

По случувањата во јануари, кога поддршката за опстојување на „Близард“ на кинескиот пазар беше целосно повлечена, а Близард сè уште не може да најде партнерска фирма во Кина, дојде до целосен прекин на сервисите и акаунтите за игрите World of Warcraft, Hearthstone, Overwatch 1 и 2 и Diablo.

Кинезите по овој повод направија еден вид проштално собирање на WoW.

Единствената игра на Близард што „остана“ во Кина е Diablo Immortal, но за жал се планира и таа да биде „изгасена“. „Нетиз“ (NetEase) како партнер на Близард во пост-договорите, тврди дека Близард требало да ги покрие трошоците за рефундирање на играчите, а тоа падна на товар на Нетиз, па затоа сега оваа фирма ја тужи Близард барајќи отштета, односно надомест за парите што ги исплатила.

„Близард“ пак излезе во јавност со сосема поинаква изјава.

„Не сме добиле соодветни документи од Нетиз. Јасно е дека Нетиз се обрзани со договор да ги покријат операциите (рефундирањето)”, вели тужената компанија.

Во јануари Кинезите направија настан на којшто кршат огромен модел на секирата „Gorehowl” познато оружје во WoW како начин да покажат дека не вреди веќе да се соработува со Близард дека се нечесна фирма.