Недела, 21 јули – најтопол ден откако се вршат мерењата во светот

Од Коперник за Ројтерс потврдиле дека рекордниот дневен просек на температурата минатата година бил соборен во неделата, во нивните рекорди кои се протегаат од 1940 година

Фото: Pixabay

Неделата, 21 јули, во просек бил најтоплиот ден од мерењето на температурата во светот, покажуваат прелиминарните податоци на организацијата Коперник, агенција на ЕУ за климатски промени, пренесе Ројтерс.

Просечната глобална температура на воздухот достигнала 17,09 степени Целзиусови во неделата, што е малку повисоко од претходниот рекорд од 17,08 степени минатата година.

Во текот на изминатата недела големи делови од САД, Европа и Русија беа зафатени од топлотен бран.

Климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, предизвикаа екстремна топлина низ северната хемисфера.

Секој од изминатите месеци почнувајќи од јуни 2023 година, што значи 13 месеци по ред, бил најтопол на планетата откако биле направени мерењата, пренесува Ројтерс.

Коперник за Ројтерс потврдил дека рекордниот дневен просек на температурата минатата година бил соборен во неделата, во нивните рекорди кои се протегаат од 1940 година.

Минатата година четири дена по ред бил соборија рекордот, од 3 јули до 6 јули, бидејќи климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, предизвикаа екстремна топлина низ северната хемисфера.

Секој месец од јуни 2023 година – 13 месеци по ред – сега е рангиран како најтопол на планетата од почетокот на евиденцијата, во споредба со соодветниот месец во претходните години, изјавуваат од Коперник.

Некои научници укажуваат дека 2024 година може да ја надмине минатата година во однос на топлината, бидејќи климатските промени и природниот феномен Ел Нињо уште повеќе ги зголемија температурите годинава.