Муцунски најави градба на две градинки во Аеродром следната година

фото: ВМРО ДПМНЕ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски најави дека следната година општината планира почеток на градба на две нови градинки, од кои едната ќе биде во населба Лисиче, а другата позади кулите Џевахир.

Муцунски денеска ги презентираше плановите за следната година, при што рече дека најважни за Аеродром како најголема општина во земјава, но и општина со најмладо население, се капиталните инвестиции.

„Имаме намера да почнеме со доградби и надградба на две основни училишта. И секако друг ред број на други проекти кои што продолжуваат, примарно насочени кон најмладите категории но исто така решавање на инфраструктури и проблемите што се нови улици, нови паркинзи и сето тоа што им е потребно на аеродромци“, рече Муцунски.