Меѓународна награда за истражувачката сторија на Саше Димовски

Новинарот Саше Димовски освои специјална награда на Форумот за медиуми, кој се одржа од 13 до 15 ноември во Подгорица, за истражувачката сторијата „Медиумските донации за политичките партии и сопственичките структури како потенцијален извор за корупција во македонските медиуми“.
Сторијата на Димовски покажува дека одредени медиуми играат улога на најголеми спонзори на политичките партии во Македонија, користејќи различни методи, меѓу кои и донации во текот на последната предизборна кампања. Сторијата, исто така, разоткрива важни информации за офшор-компаниите поврзани со сопственици на медиуми, пренесува „Сервис за проверка на факти.“