Лик на Афроамериканка на новата банкнота од 20 долари

Ликот на американската активистка за укинување на ропството од 19 век, Харијет Табман, ќе биде на новата банкнота од 20 долари и на тој начин ќе се најде меѓу ликовите на претседателите Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн и Бенџамин Френклин, кои се наоѓаат на американските банкноти.

Тоа ќе биде првпат ликот на една црнкинка да се најде на американска банкнота и првпат за последните сто години на американска банкнота да се најде лик на жена, пренесува АП.

Американскиот министер за финансии, Џек Лу, објави дека портретот на Табман ќе се најде на предната страна на банкнотата, додека на задниот дел ќе се најде портретот на седмиот американски претседател, Ендру Дексон.