Ким Јонг-ун им се закани на САД: Ќе ве гаѓаме со нуклерно оружје

Северна Кореја денеска се закани дека ќе ги гаѓа САД со своето нуклеарно оружје за да ги запре „сè поголемите нуклеарни закани“ што доаѓаат од Вашингтон.

– Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е одлучен да ги порази САД на нивно тло – пишува севернокорејскиот весник „Родонг шинмун“.

Новата севернокорејска закана е објавена по извештајот дека Пјонгјанг работи на унапредување на своите нуклеарни способности.

Северна Кореја во март истрела два проектила со краток домен од својот источен брег како одговор на годишната воена вежба на американските и на јужнокорејските сили.