Јапонски истражувачи поставија нов светски рекорд за брзина на интернет

Користејќи оптичко влакно што е комерцијално достапно, тимот воспоставил брзина на податоци од 402 терабити во секунда - околу 1,6 милиони пати поголема од просечната просечна брзина која што е достапна во сите домови

Фото: Syced, CC0, via Wikimedia Commons

Јапонски истражувачи соопштија дека го собориле светскиот рекорд за брзина за испраќање податоци преку интернет. Неодамнешниот експеримент вклучувал испраќање податоци преку линии со оптички влакна обезбедени во кабли. Технологијата со оптички влакна во моментов е најбрзиот начин за транспорт или пренос на интернет податоци.

Каблите со оптички влакна користат светлосни сигнали за испраќање податоци на долги растојанија. Материјалот од влакна е многу тенок, околу една десетина од дебелината на човечкото влакно. Технологијата со оптички влакна треба да го замени застарениот метод за пренос на интернет кој користи кабли направени главно од бакарни жици.

Користејќи оптичко влакно кое што е комерцијално достапно, тимот воспоставил брзина на податоци од 402 терабити во секунда – околу 1,6 милиони пати поголема од просечната просечна брзина која што е достапна во сите домови.

Под раководство на Лабораторијата за фотонска мрежа при Јапонскиот национален институт за информатичка и комуникациска технологија (NICT), истражувачкиот тим успеа да го постигне достигнувањето со конструирање систем кој ги содржи сите преносни ленти на стандардни оптички влакна.

Стапката на податоци поставена од јапонскиот тим, 402 терабити во секунда, е молскавична, способна да преземе околу 12.500 филмови во една секунда, што е повеќе од три пати повеќе од бројот на филмови што моментално се достапни на Нетфликс, и некои останати стриминг сервиси.