Изведба на операта „Кавалерија рустикана“ на 26 јануари во НОБ

„Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа

Фото: НОБ

На 26 јануари во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, информираат оттаму. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа.

„На нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет“, наведено е во соопштението.