Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите, се очекува супермаркетите „Конад“ да придонесат во отворање на нови работни места кои ќе го зајакнат локалното стопанство

Фото: Официјална „Фејсбук“ страна на на „Конад“

Италијанскиот синџир на супермаркети „Конад“ планира наскоро да отвори свои маркети во Македонија и во Црна Гора, објави порталот „reatilserbia“, цитирајќи го претставништвото на „Конад“ во Албанија. Оваа проширување е дел стратегискиот план на компанијата за зголемување на своето меѓународно присуство и зајакнување на позицијата на Балканот.

Според анализите, се очекува супермаркетите „Конад“ да придонесат во отворање на нови работни места кои ќе го зајакнат локалното стопанство.

Првите супермаркети од овој синџир во Италија биле отворени во 1962 година. Покрај домашниот пазар, синџирот е присутен и во Албанија, Сан Марино, Кина, Малта и Косово.