ИД ја презеде одговорноста за нападот во Хомс

Милитантите на Исламска држава ја презедоа одговорноста за двата самоубиствени напади во сирискиот град Хомс.
ИД преку интернет соопшти дека еден од нејзините борци ја предизвикал експлозијата во автомобилот на пунктот во Захри и убил најмалку 30 лица.

Сириската државна телевизија претходно извести дека во нападот загинале две лица, додека повеќе од 100 се повредени.
Гувернерот на Хомс, Талал Барази, изјави дека прво експлодирал автомобилот-бомба кај безбедносниот пункт, а потоа бомбашот-самоубиец се саморазнел себеси.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, наведува дека најмалку 21 лице настрадале во нападите, меѓу кои има и 13 припадници на владините сили.

Директорот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, рече дека вториот бомбаш-самоубиец носел воена униформа.