Груевски им додели пакетчиња на децата од домот „11 Октомври“

Премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за труд и социјална политка, Диме Спасов, денеска беа во посета на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, каде што им доделија новогодишни пакетчиња на децата. ­

Децата изведоа пригодна програма за премиерот и за заменик-министерот и им врачија подароци изработени од нив во рамките на креативните работилници во домот.