Фестивалот Охридско лето со мотото „Култура и туризам: Откривање на душата на дестинациите“

Вечерта беше отворена од страна на амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер, заедно со потпреседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Евалд Кoeниг

Фото: Министерство за култура

На програмата на „Охридско лето“ во рамките на австриската вечер се одржа концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“, а беше отворена и изложбата под наслов „Калиопе-жените во општеството, културата и науката“. Во црквата „Света Софија“ љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во прекрасниот концерт на извонредните уметници.

Вечерта беше отворена од страна на амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер, заедно со потпреседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Евалд Кoeниг.

“Голема е честа да се биде дел од еден ваков фестивал како што е Охридско лето, културата и туризмот се меѓусебно поврзани, без култура нема туризам, без туризам нема буџет за култура. Но, има многу да се направи, најдобар пример е фестивалот Охридско лето, тоа е еден од најважните културни настани во регионот, дури би го споредил со фестивалот на летото во Салцбург. Генерално, туризмот и културата заеднички го поттикнуваат економскиот раст, зачувувањето на културата и глобалното разбирањe”, изјави Памер.

Во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше поставена изложбата под наслов „Калиопе – жените во општеството, културата и науката“. Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија насекаде во светот.