Езерото Мантово порибено со 2.200 парчиња крап

Со 2.200 млади примероци на крап, Риболовното друштво од Радовиш го пориби езерото Мантово. Веќе втора година риболовците го спроведуваат проектот „Од нас – за нас … Да го вратиме крапот во Мантово“. Во следната фаза на проектот ќе се порибуваат реките Плаваја и Сирава, кои се со ослабнат рибен фонд. Реките ќе биде порибени со автохотона речна македонска пастрмка.

Од Риболовното друштво велат дека немаат обврска да порибуваат, меѓутоа успеале да најдат донатор и да набават фонд за порибување.

– Апелирам до концесионерот на Мантово, ЛРД „Студенец“ од Конче, во текот на наредниот период максимално да биде посветен во зачувување на рибниот фонд на Мантово и го заштити од рибокрадци и од несовесни риболовци, а со единствена цел, враќање на крапот на Мантово – рече претседателот на СРРК „Крап“ од Радовиш, Васе Здравков.