Ескобар: САД ги избираат за партнери оние што го приближуваат Балканот кон Европа

Не САД, тукуи граѓаните на С. Македонија треба да одлучат дали брзи избори се решение, вели Ескобар, и додава оти се надева дека граѓаните „ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат“

Принтскрин од интервјуто на Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар, за 360 степени | Извор: youtube.com/@360stepeni9

Габриел Ескобар вели оти не дошол во С. Македонија за да му кажува на лидерот на опозицијата што да прави или, пак, да му диктира услови, туку да стави јасно до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа.

Во интервјуто за „360 степени“, Ескобар, меѓу другото вели дека не можат САД да одлучат дали решение се брзи избори, туку граѓаните, а се надева дека тие „ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат“.

„Се надевам и дека ќе испратат сигнал до лидерите на Северна Македонија дека го сакаат тоа и дека го сакаат тоа брзо, дека го сакаат сега“, вели Ескобар во интервјуто.

Тој исто така додаде оди неодамна во Дубровник новата бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел го уверила дека ако Северна Македонија го исполни тоа што е предвидено во сегашниот договор, нема да има нови услови.