Еден загинат и еден ранет во престрелка во Куманово

Најмалку две лица се застрелани денеска, околу 15.30 часот, во населбата Бегиње во Куманово, потврдија од СВР Куманово.

Полицијата јавува дека станува збор за едно повредено и за едно починато лице, но не открива повеќе детали.

Според телевизијата „Телма“, непознат извршител од зелен „мерцедес“ во движење истрелал рафал кон угостителски објект, по што напаѓачите избегале со автомобилот.

Од друга страна, албанските медиуми, повикувајќи се на очевидци, го идентификуваа убиениот како Џемаил Реџепи, познат како Командант Шкипоња. Во престрелката, според информации на медиумите, ранети се две лицa, Шефки Реџепи и Гани Демири, двајцата блиски соработници на убиениот.