ДУИ ги повикува граѓаните да не наседнуваат на провокации

Инцидентот во Гошинце е акт кој ѝ наштетува на агендата на Албанците во Македонија, како и воопшто на националната агенда, се вели во реакцијата на ДУИ.

„ДУИ ги повикува граѓаните да не се грижат и да не наседнуваат на провокации. Ги уверуваме граѓаните дека овие инциденти нема да нè оттргнат од нашата зацртана агенда и од нашите активности. Бараме од надлежните институции да ја преземат својата одговорност за да им гарантираат безбедност на граѓаните и што побргу да го расветлат настанот. Во исто време, бараме да се интензивира регионалната соработка за да се гарантира безбедноста и за да се намали просторот за дејствување на групи чија цел е да се спречи реализацијата на агендата за интеграција и за помирување“, стои во соопштеието на ДУИ.