Девојче починало по удар од автомобил во Шуто Оризари

Во девојчето удрило патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45- годишен скопјанец

Фото: Мета.мк

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на улицата „Метохиска“ во скопската населба Шуто Оризари. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера околу 13 часот и 45 минути било пријавено дека патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45- годишниот Р.Н. од Скопје, удрило во малолетничка.

Во несреќата девојчето се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болницата починала.

Од страна на лекар од болницата „Систина“ била констатирана смрт, велат од МВР, од каде додаваат дека екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата.